еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во сообраќајна несреќа во Италија загинаа ќерката и внукот на македонскиот конзул

Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека утрово двајца млади македонски граѓани загинале во сообраќајка што се случи во Пјаченца, Италија.

Според пишувањето на италијанските медиуми, во несреќата загинале Марија Витанова (25) и нејзиниот братучед Методи Витанов (26), кои биле во автомобил „рено клио“. Автомобилот удрил во дрво и веднаш се запалил, па кога пристигнале спасувачите веќе било доцна.

Според тоа што се пренесува во Струмица, во сообраќајката загинале ќерката и внукот на македонскиот конзул во Венеција, Стојан Витанов.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичанецот Стојан Витанов именуван за генерален конзул во Венеција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 211 оздравени од Ковид-19

Редакција

Ќе станат ли Шпанија и Британија пречка да станеме членка на НАТО во декември?

Редакција

Двајца пациенти од Куманово и Прилеп починаа од корона вирусот

Редакција