Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пратеникот на ДУИ, Артан Груби и градоначалникот на Општина Карпош од СДСМ, Стефан Богоев, ја информираа јавноста дека на покана на Американскиот конгрес годинава ќе присуствуваат на молитвен појадок во Вашингтон, кој е во организација на американскиот претседател, Доналд Трамп.
Молитвениот појадок претставува најпрестижен политички настан во САД на кој доаѓаат врвни политичари од САД и целиот свет.
Овој настан обединува повеќе од 3.500 гости, светски лидери, претставници на бизнис секторот, верски водачи и истакнати личности кои зборуваат на политички и социјални теми.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.