Судскиот совет ќе одлучува за евентуалната инволвираност на судијката Добри Кацарска во предметот „Империја“, изјави денеска претседателот на Советот, Киро Здравев.
– На 31 јануари до Судски совет е испратено барање од Добрила Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет. Ова е прв пат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност и ќе постапуваме по тоа, изјави Здравев, одговорајќи на новинарско прашање.
Кацарска побара од Советот да ги провери тврдењата на обвинителката Лиле Стојанова искажани на рошиште за случајот „Рекет“ дека судијката во време додека се одлучувало за притворот на Орце Камчев, цело време била во судот и вршела притисок преку колега обвинител.
МИА/Фото: Телма
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кацарска побара од Судскиот совет да го „расчисти“ сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова