еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија: Ќе требаат од 8 до 10 месеци за нова вакцина против коронавирусот

Од 8 до 10 месеци ќе бидат потребни за да се развие вакцина против коронавирусот, изјави рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, пренесе Ројтерс.

„Процесот на развивање вакцина не е краток период. Само почетната фаза на развивање на вакцина трае од 8 до 10 месеци, без клиничките испитувања“, рече Мурашко.

Инаку, најновиот црн биланс на починати од коронавирусот изнесува 494 лица, додека повеќе од 24.500 се заразени.

Болеста се прошири во повеќе од 25 држави ширум светот, а најмногу случаи има регистрирано во Кина, пред се, во провинцијата Хубеи, во која и вуросот се појави.

Последните случаи на вирусот се откриени на крузер што пристигнал од Јапонија, во кој се откриени 10 случаи на заразени, заради што сите 3.700 патници и членови на екипажот на бродот се задржани во карантин, каде ќе останат најмалку две недели.

Епидемијата на коронавирусот изби кон крајот на декември минатата година, а претпоставка е дека вирусот се појавил кај животни, пред се, кај лилјаци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинески работници постојано доаѓаат и заминуваат од државата, Синдикатот за градежништво апелира за превенција од коронавирусот

Македонија набавува заштитна опрема за медицинските лица поради коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Западот на нозе откако Иран почна да „крчка“ ураниум

Редакција

Мицкоски образложи зошто Град Скопје, Струмица, Теарце и Сарај се одбиени за пари од унгарскиот кредит

Редакција

За првпат во Македонија направена операција на мозок со свесен пациент

Редакција