еМагазин
Image default
Македонија

Од штипскиот затвор освен Красниќи, избегал и Сехад Рамадани

Агим Красниќи и Сехад Рамадани од вчера се и официјално бегалци.

Директорот на затвор Штип, Мики Тодоров за МИА вели дека Красниќи и Рамадани во понеделникот не се јавиле во затворот во Штип по викенд отсуството, а согласно Законот по поминати 48 часа ги известиле Управата за извршување на санкции, судот и полицијата.

-Двете лица од септември 2017 година користат редовно викенд отсуство, годишен одмор и имаат слободни 7 часа прошетка низ градот. Досега редовно се имаат враќано и немавме никакви индиции, односно немавме никакви сомневања дека по ова викенд отсуство нема да се вратат, вели Тодоров.

Красниќи и Рамадани се дел од познатата „Кондовска група“ на кои им е судено за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „киднапирање“ и „рекет“. Красниќи и Рамадани имале казна затвор од по 15 години, а досега и двајцата имаат отслужено вкупно 12 години, а за доизвршување на казната затвор им остануваат уште три години.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агим Красниќи избега од затворот во Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 372.257 граѓани: Вчера се вакцинирале 14.230

Редакција

(Вознемирувачко видео) По три недели пронајдено телото на велешанецот Димовски кој се удави помагајќи и на екипа на ЕВН

Редакција

Земјотресот во Грција, синоќа ги вознемири македонските граѓани

Редакција