При следење на интернет содржини со цел утврдување и документирање содржини со говор на омраза, од страна на Секторот за компјутерски криминал утврден е профил со име Б.Т., кој на 06.02.2020 во 16.05 часот го објавил следниот текст: „Слушам дека Мизрахи пак јадела хумус од мртви Евреи“, соопшти МВР.
„Случајот е документиран и доставено е известување до Основно Јавно Обвинителство Скопје со цел нивно запознавање со предметот и воедно издавање барање адресирано до компанијата „Facebook Inc“ да достави кориснички податоци за профилот.
По добивање на потребните податоци ќе бидат преземени соодветните мерки и активности со цел утврдување на сторителот на кривичното дело по член 394-г – „Ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем“ и член 319 – „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, предвидени во Кривичниот закон“, додаваат од МВР.