еМагазин
Image default
Локално

Aвтомобил се заглавил во снег на Галичица, интервенирала Планинската спасителна служба од Охрид

Планинската спасителна служба синоќа интервенирала врз заглавен автомобил на превојот „Баба”, на планината Галичица, информираат од таму.

„Изведувајќи редовни тренажни активности и анализа на состојбата и условите на планината, вечерва екипа на ПСС при Црвен крст Охрид, наиде на заглавен автомобил со двајца патници на превојот „Баба” и со помош на службено теренско возило асистираше во извлекување  на истото од снежните наноси, од кои целосно е блокиран превојот на патниот правец Р-2332, преку планината Галичица.

ПСС апелира до љубителите на планината и зимските авантури, да бидат крајно внимателни на овој патен правец, кој во моментов на места има големи снежни наноси, замрзната подлога и одрони, кои ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Потсетуваме и дека истиот патен правец е со ограничен режим на сообраќај во зимскиот период, при што сообраќајот е дозволен само во должина од 9 км, од Трпејца до излетничко место “Корита”, додека останатиот дел е затворен за сообраќај“, информираат од ПСС Охрид.

Фото: ПСС Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во вооружена престрелка во Чаир убиено едно лице, а повредени три

Редакција

Во викендица во дојранско Сретеново пронајден починат маж

Редакција

Две малолетни девојчиња повредени по удар од „шкода фабија“ во Скопје

Редакција