Лавина реакции во јавноста предизвика информацијата за затворање на погонот конфекција во „Тетекс“ АД Тетово поради што 140 работници остануваат без работа.
Менаџментот на компанијата веќе соопшти дека затворањето било неминовно поради притисокот што текстилната индустрија го има од конкуренцијата на Истокот.
Преку берзата од „Тетекс“ соопштија дека компанијата продолжува со работата во преостанатите и нови дејности.
„Емагазин“ веќе напиша дека најголем поединечен акционер во „Тетекс“ е Глигорие Гоговски кој поседува 12,76 отсто од вкупниот број акции.
Со компанијата ракодови Одбор на директори во кој членуваат: Борислав Трповски, претседател, Глигорие Гоговски, извршен член-генерален директор, Владо Камбовски, назависен член, Тито Беличанец, независен член и членовите Стеван Томовски, Звонимир Ристоски и Евгенија Трпкоска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема зима за акционерите на „Тетекс“
Тито Беличанец продаде 4.000 акции од „Тетекс“ за 146.000 евра
По 69 години, текстилниот комбинат „Тетекс“ го прекина производството во фабриката „Конфекција“