Управата за јавни приходи ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.10.2019 и неплатени до 31.01.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
На листата се најде и Меѓународен сојуз – Скопје чиј основач е Бојан Јовановски-Боки 13, организација за која веќе има покренато обвиненија и судски постапки според кои се користела како параван за рекетирање бизнисмени.
Меѓународен сојуз кон УЈП има неплатен долг од 6,6 милиони денари или околу 107.000 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО убедливо на врвот
Нова листа должници на УЈП: Граѓани и фирми должат 165 милиони евра за неплатени даноци
Фото: Фејсбук/Боки 13