еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет најголеми должници кон УЈП: ТЕ-ТО убедливо на врвот

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави новата листа на должници за долгови доспеани до 31.10.2019 и неплатени до 31.01.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На врвот на листата се наоѓа ТЕ-ТО со вкупен долг од 1,3 милијарди денари. На второто место е компанијата „Ел дон кастило“ со долг од 470,9 милиони денари, а потоа следува фирмата „Индустрија Ел азтека“ со долг од 470,3 милиони денари.

На четвртото место е компанијата „Мотор коач индустрија“ со долг 470 милиони денари, а на петтото место е „МЛ Глобал Италу“ со долг од 267 милиони денари.

Овие пет компании редовно се наоѓаат на листите должници на УЈП, што укажува дека државата има проблем да ги наплати давачките од истите.

Целата листа должници ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП

Нова листа должници на УЈП: Меѓународен сојуз на Боки 13 должи 107.000 евра неплатен данок

Нова листа должници на УЈП: 1ТВ должи илјадници евра неплатен данок

Нова листа должници на УЈП: Граѓани и фирми должат 165 милиони евра за неплатени даноци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова листа должници на УЈП: 4.519 граѓани и фирми должат 157 милиони евра за данок и други давачки

Редакција

Одбраната на осудените за убиството на хрватскиот ракометар побара ново судење

Редакција

Ќе успее ли Трифун Костовски да ја извади Еуростандард банка од потешкотии?

Редакција