еМагазин
Image default
Македонија

Судење за „Рекет“: Боки 13 и Камчев договарале операција за Јанева, ама не во Систина

На денешното рочиште за „Рекет“ на кое продолжи презентацијата на материјални докази, од ауди-снимките кои беа презентирани од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, јавноста дозна и дека сведокот во случајов, бизнисменот Орце Камчев, за кого се води истрагата „Империја“ и првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13 во „Рекет“ договарале операција за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е второобвинета во случајот.

Разговорот бил тајно снимен, а во просторијата биле присутни и сопругата на Камчев, Ана Камчева, и третообвинетиот Зоран Милески Кичеец, кој призна вина и доби три години затвор.

Според аудио-снимките кои беа презентирани првичниот план бил Јанева да се оперира во “Систина”, но поради ризик да не дознаат медиумите, таа опција отпаднала.

На крај Боки 13 предложил операцијата на Јанева да се направи во “8 Септември”, а доктор од “Систина”, таму да ја изврши интервенцијата. Камчев пак вели дека нема да дозволи да го “изгорат“ докторот, зошто се може да се открие.

Во друг разговор Јанева му вели на Боки 13 дека не познава никој во болницата и дека за тоа ќе зборуваат друг пат.

Случајот „Рекет”, го води Кривични совет предводен од судијката Васка Николовска-Масевска, а обвинението го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Рекет“: Боки 13 го советувал Камчев да признае дел од вината за „Империја„ и да плати оштета

Судење за „Рекет“: „Куферчево ти одговара со стајлингот, не бива у торба адидас да се“, му вели Камчев на Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови рочишта за „Тортура“, „Титаник 3“ и „Т.Н.Т.“ на СЈО

Редакција

32 лица не го почитувале полицискиот час

Редакција

Македонија за 210 милиони долари купува борбени возила од САД

Редакција