еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Казината во Македонија „опасни“ по живот, последниот грабеж во Блаце заврши со двојно убиство

Казината и обложувалниците во Македонија стануваат „опасни“ и по живот. Во последниот грабеж на казино во Скопје вчера, се убиени и две млади лица.

“На 15 февруари 2020 во 04:47 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните, при што го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото.

Додека, според пријавеното, Б.Н.(20) од с.Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал. Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале“, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од убиените при грабежот во казиното „Вегас“ е македонскиот борач Нуиши

Истото оваа казино, “Вегас“, пред неколку месеци било мета на друг грабеж.

Кон крајот на јануари петмина маскирани и вооружени разбојници со автоматски пушки го ограбија казиното „Адмирал“, на булевар „Партизански одреди“ во Порта Влае во Скопје.

За среќа, разбојниците само ги одзеле парите од дневниот пазар и побегнале.

Претходно на почетокот на минатиот месец во казино во Кисела Вода, Скопје, едно лице со закана од вработениот го одзеде дневниот промет и побегна.

Во декември мината година во казино на ул.„Вангел Тодоровски“ во Скопје, две лица со закана од вработениот одзедоа пари, а претходно беше ограбено и казино на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје. Едно лице со закана од вработените одзеде пари.

Овие случаи се само продолжение на низата грабежи, чија мета главно се казината во главниот град.

Загрозена ли е безбедноста на скопските казина е прашањето кое неминовно се наметнува по бројните грабежи, а останува отворено и прашањето дали станува збор за изолирани случаи или пак за криминалци и организирани банди кои пикираат вакви објекти.

Како и да е, впечаток е дека влегувањето во казино станува се поризично, бидејќи не се знае кога ќе улета некој „клиент“ барајќи пари со закани или огнено оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство склучи договор со ЕСМ Продажба вреден 230 илјади евра

Редакција

Сите детали: Се укинува обврската отворените инвестициски фондови да се основаат со капитал од 300.000 евра

Редакција

Две лица ранети во пукање пред тетовската болница

Редакција