еМагазин
Image default
Свет

Коронавирусот е опасен за повозрасните и болните, децата оздравуваат

Кина го објави првото обемно истражување за Ковид-19, според кое најголемиот ризик постои за возрасните и болните луѓе.

Во извештајот се нагласува дека меѓу децата нема жртви.

Крвната плазма од поранешни пациенти, кои биле заразени со новиот коронавирус, содржи антитела, кои може да придонесат за намалување на неговата количина кај пациенти во тешка состојба.

– Би сакал излекуваните да донираат крвна плазма. Тоа ќе им даде надеж на пациентите, чија состојба е сериозна, изјави експертот Го Јанхун.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Се што треба да знаете за коронавирусот: Едукативно видео на Светската здравствена организација

– На 11 пациенти, хоспитализирани во Вухан, од каде што почна епидемијата, минатата недела им беше дадена крвна плазма, прецизира Сун Јанжун од Центарот за биолошки истражувања при Министерството за наука и технологија на Кина.

– Еден од нив веќе се е пуштен од болница, а останатите успешно закрепнуваат.

Според последните бројки, од Ковид-19 досега починале 1.900 лица, а 72.500 се заболени.

Официјален Пекинг нагласи дека во последните денови е регистриран пад на нови случаи, што значи дека жариштето е под контрола.

Сепак, шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека тенденцијата „треба да се толкува многу внимателно“.

– Тенденциите можат да се променат. Рано е да се каже дали тој регистриран пад ќе продолжи. Секое сценарио се уште е на маса, истакна тој.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската државјанка која беше во карантин во Франција нема коронавирус и е вратена во Македонија

Нов биланс: Од коронавирус во Кина починаа 1.789, а заразени се 59.989 лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Портпаролот на Роман Абрамович потврди дека имал симптоми кои укажувале на труење

Редакција

Столтенберг: Нападот на Русија на Украина е сериозно кршење на меѓународното право

Редакција

Почнува судењето за импичмент на Доналд Трамп

Редакција