еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Околу 16.000 наши државјани живеат во италијанските региони каде има изолација поради коронавирусот

Околу 64.000 македонски државјани живеат во Италија, од кои околу 12.000 во Венето и околу 6.000 во Ломбардија, двата северни региона во јужната европска земја, во кои има изолација на 11 населени места поради епидемија на коронавирусот.

Ова се статистички податоци од италијанскиот сајт www.tuttitalia.it. Податоците се од 2019 година, а засега нема официјални информации од нашите надлежни органи за состојбата со македонските државјани во овие два италијански региона, каде се воведени вонредни мерки.

Тие беа воведени откако во Италија досега се регистрирани над сто случаи на заразени од корона вирусот, од кои 89 во Ломбардија. Две лица починаа како последица на коронавирусот.

„Во Ломбардија се заразени 89 лица, меѓу кои и една млада личност во Валтелина, долина во која се наоѓа популарното скијачко одморалиште“, изјави денеска Атило Фонтана, кој го предводи регионот Ломбардија и побара построги граничниу контроли.

Според податоците на сајтот www.tuttitalia.it во Венето има 11.736 македонски државјани, а во Венеција, која се наоѓа во овој регион 2.820 наши државјани.

Во двата познати италијански града поради коронавирусот денеска беа откажани манифестации кои традиционални се одржуваат во нив.

Властите во Венеција одлучија да го откажат познатиот карневал и сите случувања во градот поради ширење на коронавирусот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паника во Италија: Изолирани 11 села поради коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да се тргне „македонско“ од државјанството: Што бара Касами од Заев

Редакција

Кои се новите членови на Одборот на директори на „Фершпед“?

Редакција

Багер во центарот на Скопје удрил во 66-годишна жена која починала на лице место

Редакција