еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пролет во февруари: Сончево со температура до 21 степен

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови.

Минималната температура ќе се движи од минус четири до три степени, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 21 степен.

До среда ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност и топло преку денот. Ќе дува умерен до засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од минус пет до четири степени, а  максималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 20 степени.

Под влијание на влажен бран во среда кон крајот на денот и в четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Ќе дува засилен западен и северозападен ветер, а дневната температура значително ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од еден до шест степени, а максимална од шест до 14 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев на ифтар со шеикот Ал Нахјан во Обединети Арапски Емирати

Редакција

Еден од новопочинатите од корона вирусот со претходни заболувања, двајца имале контакт со потврден случај

Редакција

МВР склучи со “Вп – пласт инжинеринг“ вреден 575,6 илјади евра

Редакција