еМагазин
Image default
Македонија

Неспроведувањето на возачот на „Дурмо турс“ го одложи рочиштето за несреќата кај Ласкарци

Неспроведувањето на обвинетиот Маноил Труфуновски, возачот на автобусот на „Дурмо турс“, е причина за одложувањето на денешното рочиште за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари минатата година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 758 случаи на Ковид-19 од 2.562 тестирања

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 44 лица, приведени 31

Редакција

Заев и Мицотакис за првпат ќе се сретнат во Њујорк

Редакција