еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) На повидок војна меѓу Турција и Русија на тлото на Сирија по загинувањето на 33 турски војници

Ако ништо не се направи, ризикот од ескалација „ќе се зголеми од час по час“ во североисточна Сирија, каде најмалку 33 турски војници беа убиени во воздушните напади од страна на сирискиот режим и нејзиниот руски сојузник, предупреди портпаролот на ОН.

„Генералниот секретар Антонио Гутереш го повтори својот повик за итен прекин на огнот и ја искажува својата најголема загриженост за последиците што воената ескалација може да ги има врз цивилите“, се вели во соопштението на портпаролот на ОН, Стефан Дјужарик.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг свика вонреден состанок денеска со амбасадорите на државите на Алијансата.

Амбасадорите ќе разговараат за ситуацијата во Сирија на барање на Турција. Се прецизира дека барањето е по Член 4 од Вашингтонскиот договор, според кој секоја земја од Алијансата може да побара консултации со своите сојузници доколку идентификува закана за нејзината безбедност, територијален интегритет или политичка независност.

Столтенберг синоќа ги осуди воздушните напади на Сирија и Русија во сириската провинција Идлиб.

Најмалку 33 турски војници беа убиени вчера во Идлиб од воздушни напади, за кои Турција смета дека се дело на сириската армија.

Анкара се одмазди со напади против позиции на армијата на сирискиот претседател Башар ал Асад.

САД повикаа да се стави крај на офанзивата на Идлиб и изразија поддршка за Турција.

МИА/Фото/Видео: Defence post/Youtube/Al Jazeera

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доаѓа нова криза: Турција го отвора патот за сириските бегалци кон Европа?

Русија испраќа воени бродови крај Сирија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој граѓанин во државата ќе добие електронски идентитет

Редакција

ЈКП Водовод Битола склучи договор со „Енерџи деливери солушнс„ вреден 575,6 илјади евра

Редакција

„Жешкиот костен“ во рацете на пратениците: Каква е постапката за промена на Уставот?

Редакција