еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пациенти од Радовиш и Берово починаа од Ковид-19 во штипската модуларна болница

Две жртви од коронавирусот бележи денешниот болнички извештај на штипскиот ковид центар.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека станува збор за пациенти од Радовиш и Берово на возраст од 64 и 88 години.

За разлика од минатите денови модуларната болница повторно се полни и е забележано раст на бројот на пациенти, каде денеска се лекуваат 42, од кои 28 се на кислородна поддршка.

Во оваа болница остануваат слободни само четири кревети. На Кожното одделение со полесна клиничка слика се осум пациенти. Во дневната амбуланта на Инфективното одделение, кое се реконструира забележано е дека на преглед се јавиле 51 пациент заразени со коронавирусот од целиот источен регион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18-годишната гевгеличанка која почина од Ковид-19 била бремена и имала претходни заболувања

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Побаран притвор за скопјанецот кој се судри со возилото кое падна во Лепенец по што се удави фамилија од Косово

Редакција

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

Редакција

Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

Редакција