еМагазин
Image default
Свет

Кинезите открија два вида на коронавируси, објавија колку точнo трае инкубацијата

Кинеските научници кои го проучуваат потеклото на епидемијата на новиот коронавирус велат дека откриле два главни видови кои можат да предизвикаат инфекција.

Експерти од универзитетот во Пекинг и институтот Пастер во Шангај, кој работи во рамките на Кинеската академија на науките, предупредија дека со анализата опфатиле ограничен опсег на примероци, и истакнаа дека ќе треба да се спроведат дополнителни истражувања на поголем примерок за подобро да се сфати развојот на вирусот.

Прелиминарните истражувања покажаа дека поагресивниот вид на новиот коронавирус е оној кој се поврзува со појавата на болеста во Вухан и е регистриран во околу 70 проценти од анализираните примероци, додека 30 проценти се поврзани со помалку агресивниот вид на вирусот.

Тие исто така рекоа дека преваленцата на поагресивниот вид на вирусот почнала да се намалува на почетокот на јануари.

– Нашите наоди говорат и во прилог на итната потреба да се спроведат нови сеопфатни студии во кои ќе се комбинираат геномски и епидемиолошки податоци со графичка евиденција на клинички симптоми на пациенти заразени со новиот коронавирус 2019, велат кинеските научници.

Резултатите од нивната анализа се објавени во стручното списание на Кинеската академија на науките, National Science Review.

Во Пекинг денеска е објавено дека кинеските експерти утврдиле оти просечното време на инкубација на новиот коронавирус е пет до седум, со максимум 14 дена.

Ова го соопшти првиот човек на одделот за интензивна нега на кинеското медицинско здружение Ду Бин на прес-конференција.

Претходно, се сметаше дека просечната инкубација трае од два до 14 дена и може да трае до 27 дена.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јапонија од крвната плазма на рековалесценти развива лек за коронавирусот

И македонските фудбалерите кои ќе доаѓаат од Италија за натпреварот со Косово ќе пополнуваат прашалник за коронавирусот

Мерките за превенција од коронавирусот на повисоко ниво: Патниците од Италија ќе пополнуваат прашалник уште во авион

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Данска ги укина рестрикциите за влез во земјата за македонските државјани

Редакција

Трамп стана првиот американски претседател за кој Конгресот препорача кривично гонење

Редакција

Скандал: Макрон и поранешна еврокомесарка тајно му помагале на Убер да се прошири во Европа на сметка на такси-индустријата

Редакција