еМагазин
Image default
Македонија

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Титаник”

Судскиот предмет „Титаник”, денеска продолжуваа во Кривичниот суд во Скопје.

Минатото рочиште за овој предмет се одложи заради отсуство на обвинетиот Кирил Божиновски.

Овој случај е во фаза на презентација на сведоци, односно на денешното рочиште треба да се сослушаат повеќе сведоци.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Нови 15 лица во Македонија излечени од коронавирусот

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 15 пациенти, а вкупно се лекуваaт 245

Редакција

Пазарниот инспекторат во Куманово ќе биде затворен, еден инспектор позитивен на корона вирусот

Редакција