еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ако Боки 13 трошел „чисти пари“, каде се тогаш парите од рекетирањето?

Неделава се очекува одбраната на првообвинетиот во случајот “Рекет“, Бојан Јовановски-Боки 13 да заврши со презентација на материјалните докази и да се заокружи листата на неговите сведоци.

Одбраната на Боки 13 периодов сакаше да покаже дека тој трошел пари кои што немаат врска со „Рекет“, па така на последното рочиште беше презентирана изјава за позајмица од српската авторка на песни, Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг Александар Фула Радуловиќ, како и од фудбалерот Стевица Ристиќ.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски пред судот рече и дека Боки 13 добил пари и од продажба на недвижен имот од неговата баба, за што приложи нотарска акт и доказ за денационализација на имот од која добил 300.000 евра.

Дуковски потенцираше и дека најголемиот дел од запленетата гардероба, Боки 13 ја купил пред отварањето на случајот „Рекет“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Рекет“: Радуловиќ и Туцаковиќ му дале пари на Боки 13 за телевизијата и за лекови од Италија

По сите овие излагања се наметнува прашањето ако Боки 13 трошел „чисти пари“, каде се тогаш парите од рекетирањето?

Досегашниот тек на судењето не даде одговор за прашањето кое буди најголем интерес во јавноста.

Боки 13 во рамки на судењето меѓудругото неколку пати најави дека ќе го открие организаторот и сите помагачи, но и дека снимка од камерата од домот на неговите родители ќе покаже во чии раце завршила фамозната торба „Луј Витон“ со парите.

Јавноста се уште чека одговор за тоа каде се 1,5 милиони евра „изрекетирани“ од бизнисменот Орце Камчев, а и нема дилема, уште кога беше уапсен Боки 13 ретко кој веруваше дека тој е главниот „играч“ во „Рекет“.

Дали навистина Боки 13, кој вели дека е невин, ќе открие нешто што не знаеме или ќе ги потврди шпекулациите за инволвираност и на други функционери во „Рекет“ (освен обвинетата, поранешна специјална обвинителка, Катица Јанева) или овие негови најави се само дел од „шоуто“ кое ќе следи на понатамошниот дел од судењето, останува да видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Рекет“: Боки 13 земал пари од Марина Туцаковиќ, Русковска го праша дали тој е „ороспија“

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Постигнат договор за платите во ЈСП, автобусите почнуваат да сообраќаат

Редакција

Битолчанецот Тома Фила, кандидат за градоначалник: Ако можеше дедо ми да е градоначалник на Скопје, зошто јас да не сум на Белград

Редакција

Скопјанец почина од Ковид-19, вкупно 722 го загубија животот од вирусот

Редакција