еМагазин
Image default
Македонија

МВР: Санкции за граѓаните кои ќе шират лажни вести за корона вирусот на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните – корисници на социјалните мрежи да не споделуваат и шират непроверени, односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19 (корона вирусот), со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните.

„Лажните вести што создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести“, велат од МВР.

Апелираме, додаваат, до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции.

„За сите потребни информации да се обратат до Министерството за здравство, секторот за односи со јавност во Владата или останатите релевантни институции, кои постојано ја информираат јавноста со обновени податоци неколку пати во текот на денот“, порачуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија 19 лица заразени со корона вирусот

Прв смртен случај од корона вирусот во Грција

На апликацијата „МојВоздух/AirCare“, има официјални информации за заштита од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот го одби барањето на Мијалков да биде ослободен од гонење за „Тортура“

Редакција

Пендаровски: Не е грев ако пописот се одложи до јуни, власта и опозицијата да си подадат рака

Редакција

Палевски му се заканувал на Мицкоски и неговиот постар син

Редакција