Негативни се резултатите на сите кои денеска се тестираа за коронавирусот, соопшти Министерството за здравство (МЗ).
„Претпладнево на коронавирусот беше тестирано едно лице кое на 7 март пристигнало во земјава од Германија, како и осум лица поврзани со првата заболена пациентка од Скопје – сопатници и блиски контакти, кои во изминатите две недели беа во домашна изолација“, велат од Министерството.
Патниците од Струмица кои поминале 14 дена во домашна изолација, а пристигнале со првата заболена пациентка на коронавирусот ќе бидат тестирани утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лицето кое утринава се тестираше на корона вирусот е негативно, засега девет се заболени
Кои се симптомите и како да се заштитите од корона вирусот?
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.