еМагазин
Image default
Бизнис

Промени во Одборот на директори на „Македонски Телеком“

Собранието на акционери на „Македонски Телеком“ на седницата закажана за 15.04.2020 година ќе одлучува по предлог-одлуката за реизбор, отповикување и избор на членови на Одборот на директори на компанијата.

„Собранието на друштвото го реизбира Карој Швејнингер, државјанин на Република Унгарија, за неизвршен член на Одборот на директори на друштвото, со мандат почнувајќи од 15.04.2020 година.

Собранието на друштвото го отповикува Јанош Тремел, државјанин на Република Унгарија, од позицијата неизвршен член на Одборот на директори на друштвото, почнувајќи од 15.04.2020 година.

Собранието на друштвото ја констатира оставката на Давид Коприва, државјанин на Република Чешка, од позицијата независен неизвршен член на Одборот на директори на друштвото, со примена почнувајќи од 15.04.2020 година.

Собранието на друштвото ги избира Лубор Жатко, државјанин на Република Словачка, за неизвршен член на Одборот на директори на друштвото, со мандат почнувајќи од 15.04.2020 година и Мартин Ренер, државјанин на Република Германија, за независен неизвршен член на Одборот на директори на друштвото, со мандат почнувајќи од 15.04.2020 година.

Мандатот на реизбраниот член и избраните членови на Одборот на директори на друштвото изнесува 4 години, согласно Статутот на друштвото“, пишува во предлог одлуката објавена преку Македонската берза.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фершпед ги зголеми приходите и добивката

Редакција

Сметките за парно може да се плаќаат и онлајн

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Браинкоде“ вреден 4,1 милиони евра

Редакција