еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прва интерактивна мапа за коронавирусот во Македонија

Софтверската компанија ГДИ ја изработи првата интерактивна мапа за коронавирусот во Македонија.

На мапата може да се видат податоци за бројот на заразени, местата каде има заразени случаи, бројот на излечени и други податоци.

Исто така, на мапата има линк до страната на Министерството за здравство за детално информирање за сите прашања за корона вирусот.

Според генералниот директор на ГДи Скопје, Дејан Крстевски оваа апликација ја имаат и другите држави во регионот, каде податоците се ажурираат согласно известувањата на институциите и на светските статистики.

„Во овие моменти на криза, сакаме да помогнеме на населението и на институциите вистински и во реално време, да ја следат состојбата со развојот на вирусот во Македонија. Кога ќе се уредат сите просторни податоци на едно место, полесно е да се избегне кризата и да се донесат вистински одлуки.

Овозможува едноставен и прегледен приказ во служба на информирање на јавноста, но пред се е корисна алатка за оние кои носат одлуки и мерки за сузбивање на вирусот. Затоа што животот во доба на коронавирусот, всушност, е живот во криза“, вели Крстевски.

Географски информациони системи (ГИС) се начини за организирање, презентирање и анализирање на просторни и географски податоци. ESRI е водечка организација во областа на географијата и давател на ГИС ресурси.

ПОВРЗАНИ  ВЕСТИ

Првпат го видов „Силбо“ празно, корона вирусот го направи Скопје град на „духови“

МНР прави напори да им се помогне на нашите граѓани кои „заглавија“ надвор поради коронавирусот

Детална листа: Најнови мерки и заклучоци на Владата против корона вирусот

(Галерија) Секое возило кое влегува и излегува од Дебар и Центар Жупа се дезинфицира

Фото: ГДИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 333 болни од Ковид-19, во Скопје 115

Редакција

Шест лица биле на возраст од 30 до 49 години: 77 починати од Ковид-19 минатата недела

Редакција

Тодоровиќ за „Македонско село“ треба да плати 43.000 евра и да ја подмири киријата за следните шест месеци

Редакција