Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП.
„УЈП нема да ги презема овие дополнителни мерки се додека траат препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот“, соопшти УЈП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БРАВО: Гифти текс од Прилеп на свој трошок почна да произведува заштитни маски, кои ќе се донират
Срам во Битола: Наместо во изолација се степале со соседите
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.