еМагазин
Image default
Македонија

Армијата од денеска се вклучува во обезбедувањето на објектите од витално значење

Припадниците на Воената полиција во Армијата денеска активно се вклучуваат во обезбедувањето на објектите од витално значење, меѓу кои Владата, Собранието и затворите во Скопје, информираат од Министерство за одбрание.

„Се врши реорганизација и зајакнување на обезбедувањето на резиденцијата на Претседателот со армиско обезбедување. Обезбедувањето ќе се врши во комбинирани тимови со единиците на полицијата.

Изминатите два дена, припадниците на Армијата од своите колеги од полицијата се запознаваа со овластувањата, процедурите и задолженијата за извршување на оваа задача. Информираме дека армиските припадници, обезбедувањето на објектите ќе го вршат во армиска униформа, а на себе ќе го имаат личното формациско вооружување,“ се вели во соопштението.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По синоќешниот земјотрес, Општина Битола ќе бара помош од Владата

Редакција

Таткото на Вања останува во затвор, Кривичен го одби барањето да оди во домашен притвор

Редакција

СДСМ денеска бира ново раководство: Во партијата се враќаат старите кадри Игор Ивановски и Андреј Петров?

Редакција