На вчерашната седница, Владата донесе Уредба со законска сила за примената на Законот за стечај за време на вонредна состојба.
Според оваа уредба, за поведување на стечајна постапка и поведување на претходна постапка, ќе се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.
На стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба.
Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како во Македонија се транспортираат примероци за лабораториска анализа за коронавирусот
Полицискиот час скратен за 1 час
Забрани за движење за младите до 18 години и за постарите од 67 години
Губењето на осет за мирис и вкус „скриени“ симптоми за коронавирусот, кои се другите?