Министерството за надворешни работи информира дека во соработка со словенечкото министерство за надворешни работи, словенечкиот Кризен штаб и словенечката полиција, утрово организираше враќање на 42 македонски граѓани во Македонија, со 16 автомобили, кои ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.
„Истовремено, во текот на денешниот ден е организиран и автобуски превоз за враќање на 27 македонски граѓани од Истанбул. Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон словенечките, хрватските, српските, турските и бугарските власти за непречениот транзит и солидарноста,“ информираат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Браво: Компанијата “Ипринт“ од Прилеп почна со изработка на заштитен штит за лице
Велес и Прилеп нови места со лица заболени од коронавирусот: Како изгледа мапата по градови
Бројот на заболени здравствени работници со коронавирусот се искачи на 17
Сите детали: Најголем дел од новозаболените од коронавирусот се на возраст од 50-59 години
Фото: Влада