еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Седумдесет и девет годишна жена од Пепелиште шие заштитни маски и ги подарува

Седумдесет и девет годишна жена шие заштитни маски и ги подарува.

Прва Станковиќ од неготинското село Пепелиште 22 години работела како хигиеничар во неготинската болница. Но, имала и дарба за шиење, па, како што самата вели, била шнајдерка на многумина од селото.

-Неколкумина се пожалија дека или не можат да најдат да купат заштитни маски или имало, но биле скапи, со зголемени цени. Затоа решив да сошијам и да подарам по некоја маска.

Тие што немаат, доаѓаат до мојот двор, им подавам оддалеку, самата не смеам многу да шетам, поради возраста. Шијам од дете и шиењето не ми претставува проблем и на овие години, нагласува Станковиќ.

Вели дека не е експерт за да знае колкава е заштитата со овие маски, но, како што смета, барем се обидела да помогне во оваа ситуација.

Според нејзината соседка, старите лица над 70 години се исплашени од моментната ситуација, а Прва е пример за многу млади шнајдери и хумани луѓе.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 201 заболени пациенти од корона вирусот: Регистрирани 24 нови случаи, од кои 15 во Скопје

Не сите граѓани и фирми ќе добијат одложено плаќање на кредитите, велат од банките

(Видео) Браво: Компанијата “Ипринт“ од Прилеп почна со изработка на заштитен штит за лице

Вкупно 201 заболени пациенти од корона вирусот: Регистрирани 24 нови случаи, од кои 15 во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 26 случаи на Ковид-19 од 2.866 тестирања, 13 во Скопје

Редакција

ППЦ – мајката фирма на ЕДС која се „бори“ на тендерот за снабдувач за домаќинствата, под истрага од Европската комисија

Редакција

Нема присилна вакцинација, истите мерки се имплементираат во регионот и светот, велат од Министерство за здравство

Редакција