еМагазин
Image default
Бизнис

Мукаетов: Граѓаните да бидат спокојни, лекови има доволно, од понеделник се стабилизира и состојбата со дезифециенси

Генералниот директор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов во синоќешното интервју за телевизијата 24 вести, со смирувачка порака до македонските граѓани дека лекови има доволно, и дека од понеделник ќе се стабилизира и состојбата со средствата за дезинфекција.

Тој рече дека Алкалоид го пренаменила делот од производството на козметика и стартувала со линија за производство на дезинфециенси.

„Ги пренаменивме машините за производство на шампони. Од денеска почна производството на дезинфециенси, односно најбараниот продукт Дезитнал. Ќе се работи и во сабота и во недела и од понеделник, целата ситуација со дезинфециенсите на територијата на нашата држава очекувам да се стабилизира“, рече Мукаетов.

Тој потенцираше дека дезинфециенсите не биле сериозен дел од портфолиото на Алкалоид и дека биле произведувани само како дополна на програмата за лекови.

Најави и 40 нови вработувања во компанијата од април поради зголемениот обем на работа.

Мукаетов порача и дека во вакви вонредни услови, потребни се итни мерки за поддршка за економијата.

Целото интервју погледнете го ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Алкалоид“ донира 200.000 евра и ги намалува цените на 158 производи од својот асортиман

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тупанчевски поднел оставка на 10, а правно мислење за еврообврзницата му побарале на 15 февруари

Редакција

Оштетените штедачи на Еуростандард банка со иницијатива до Уставниот суд

Редакција

„Вардарградба“ го доби тендерот на Општина Аеродром за изградба на градинка вреден 1,5 милиони евра

Редакција