Шпаркасе Банка Македонија водејќи се од принципите за општествено одговорно работење како дел од Штаермеркише Шпаркасе Групацијата и согласно усвоените мерки од страна на Народната Банка, Министерството за финансии и Владата ја објави понудата за промена на договорните услови за кредитните производи наменети за своите клиенти физички и правни лица со цел полесно премостување на негативните ефекти од Ковид-19 кризата, соопшти банката.
Оттаму информираат дека понудата која се однесува за физичките лица корисници на кредитни производи и кредитни картички, со класификација на категорија на кредитен ризик А, Б и В и кои немаат статус на нефункционална изложеност на 29.02.2020 година им овозможува грејс период за отплата од 6 (шест) месеци, заклучно со 30.09.2020 година и продолжување на рокот на отплата на кредитот за 6 (шест) месеци.
Физичките лица кои ја прифаќаат понудата не испраќаат никакво известување до банката и договорните услови се сметаат за променети согласно оваа понудата на 11.04.2020 година.
Известување испраќаат исклучиво клиентите кои ја одбиват понудата, и тоа само преку еден од понудените начини за известување наведени во продолжение.
Повеќе детали ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Банките решија да наплаќаат камати на „корона кризата“
УНИ Банка ја објави понудата за промена на кредитините услови за граѓаните поради корона вирусот
НЛБ Банка ја објави понудата за промена на кредитните услови за граѓаните
Сите детали: Шест месеци одложување на наплатата на кредитните обврски од Халкбанк
„Корона-каматите“ треба да се изучуваат како пример за општествена неправда