еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите детали: Најголем број од новозаболените со коронавирусот во Македонија се на возраст од 50-59 години

Според последните податоци, објавени вчера, бројот на заболени со коронавирусот во Македонија изнесува 430.

Вчера се регистрирани 46 нови случаи.

“Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 50-59 години (15), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 25 женски и 21 машко лице.

Хоспитализирани се 8 лица, а останатите се на домашно лекување. Испишани се 2 оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 од КИБФС.

Кај единаесет лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 29 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а 4 лица имаат историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

Тестирани се вкупно 389 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 46 или 11,8% од тестираните“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај 108 лица од заболените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Како се движи кумулативната инциденца спордено со Дебар: Куманово се поблиску до карантин

Голем раст: 52 здравствени работници во Македонија се заразени со коронавирусот

Во Скопје 208 лица заболени со коронавирусот, како изгледа мапата по скопските општини

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Велешанец се обидел да убие роднина заради долг од 3.500 денари

Редакција

Каков имот пријавил Едмонд Адеми, кој е во фокусот на јавноста за дивоградбите во Охрид

Редакција

Девет починале: Вкупно 1.013 лица по вторпат заболеле од Ковид-19, две по третпат

Редакција