еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Филипче: Влегуваме во критична фаза, зголемување на рестриктивноста ако се влоши состојбата

Се наоѓаме во критичниот момент со очекуван раст на бројот на дијагностицирани заболени од Ковид-19 и имајќи предвид дека одиме кон пикот во следните неколку недели влегуваме во нова фаза на менаџирање на цеолкупниот процес. Доколку ситуацијата отиде во полоша состојба ќе предложиме и други мерки што ќе значат зголемување на рестриктивноста, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека досега имало многу разговори дали да се примени некој друг начин на справување со пандемијата, но заклучиле дека е подобро да се продолжи со сегашниот начин со додавање на некои дополнителни мерки меѓу кои и апликација што ќе им помогне на инфектолозите полесно да ги следат контактите што ги имале заразените.

На денешната видео средба со новинарите, Филипче најави дека од денеска и болницата „8 Септември“ е подготвена за дијагностицирање и лечење на заболeни од Ковид-19 и дека на располагање ќе бидат нови 400 болнички кревети, што ги нуди болницата.

Каде ќе бидат сместени заболените ќе се одлучува во координација со директорката на Клиниката за инфектологија.

Како нов регионален центар за справување со пандемијата ја посочи болницата во Битола каде, како што кажа, во моментво има 35 кревети на располагање кои можат да се зголемат до 100.

Во преговори сме, додаде, и со лабораторијата на МАНУ за дијагностицирање на заболени од Ковид-19 и за користење на нивната апаратура.

„Верувам дека и тие ќе бидат вклучени наскоро“, рече Филипче.

Најави дека сите јавни здравствени установи во земјава имаат доволно заштитна опрема.

„Имаме сосема солидни резерви, а во текот на неделава ќе ги дополниме. Имаме заштитна опрема што секаде се корсти, но за жал секаде во светот има заразени доктори, некаде и починати“, вели Филипче.

Прецизира дека неделава ќе се врши набавка на респиратори, а главниот критериум ќе биде брзината на испорака.

На сметката на Министерството за здравство, како што кажа, има донации од 500.000 евра од домашни компани, а има и донации на медицински апарати и големи количини на заштитна опрема од околу еден милион парчиња, како и донирани возила кои им се доделуваат на центрите за јавно здравје.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Породилното отсуство се продолжува до истекот на времените мерки за корона вирусот

(ВИДЕО) Писмото до коронавирусот на режисерот Бранимир Камбер го остави регионов без зборови

Сите детали: 17 починати од коронавирусот во Македонија, еден од починатите е од Косово

Умираат дома: Вистинската слика за починатите од корона вирусот во Италија е многу пострашна

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед по скопски општини: Чаир и Аеродром со најмногу заболени од корона вирусот

Редакција

„Ако признаеме дека Гоце Делчев е Бугарин, одма плата од 500 евра ќе има“: Твитер реакции за изјавата на Пендаровски

Редакција

Вкупно 372 деца до 9-годишна возраст заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција