еМагазин
Image default
Бизнис

Владата донесе Уредба за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата во јавниот сектор

Владата донесе Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

Со оваа уредба со законска сила се уредува ограничувањето на исплатата на додатоци и надоместоци на плата на вработените во органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во институциите кои вршат работи од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, регулаторни тела со јавни овластувања утврдени со закон, јавни установи и јавните претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје и од општините во Градот Скопје и акционерските друштва во целосна сопственост на државата, за време на траење на вонредната состојба.

На вработените опфатени со оваа уредба со законска сила не им се исплатуваат додатоци и надоместоци на плата согласно закон и колективен договор, за време на траење на вонредната состојба.

Одредбите од оваа уредба со законска сила не се однесуваат на медицинскиот и помошно-технички персонал во јавните здравствени установи, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ги продолжи роковите за барања на правото за остварување на пензиско и инвалидско осигурување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната каматна стапка на вкупните кредити 4,35, на депозитите 0,71%

Редакција

Вработените во Макпетрол добија новогодишен надоместок од 30.000 денари

Редакција

Во два блока продадени акции од „Гранит“ за 376.000 евра

Редакција