Сопственикот на Етно гостилница Воденица Три и „Селект кафе“, Сашо Митовски од Крива Паланка на неговиот фејсбук-профил информираше дека со неговиот брат донеле одлука дека во периодот што следи нема да отпуштат ниту еден вработен, по цена на тоа дури и фирмата да ни пропадне.
„Прво ние знаеме што значи во животот да се НЕМА. Второ, ние НИКОГАШ не можеме и НЕМА да заборавиме дека на нас кога ни беше најтешко во животот и кога некој се обидуваше да не сотре со милион препреки, вработените секогаш беа тука за нас и ни даваа целосна поддршка со нивниот ведар дух и ентузијазам,впрочем по нешто што сме и надалеку препознатливи.
Трето бидејќи нашата фирма е повеќе од една големо семејство ние одлучивме дека и последниот денар што го имаме ќе го поделиме со нашите вработени. Во животот ние се соочивме со многу предизвици, имавме безброј падови и успеси. Ќе успееме и сега,“ напиша Митовски.
Многупати тие излегувале во пресрет на нивните сограѓани, а ние како редакција сме многу горди на тоа што сме давале медиумска поддршка на тие кои што навистина заслужуваат.
Секоја чест!!!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) „Етно гостилница Воденица 3“- новогодишна бајка и разгледница
Скопски угостител нема да ги отпушти вработените и по цена да пропадне