еМагазин
Image default
Македонија

Осум медицински лица од гостиварската болница заразени со Ковид-19

Во гостиварската болница има вкупно осум медицински лица кои се инфицирани со Ковид-19. По направените тестирања изминативе денови, по трите случаи на заразени медициски лица, откриени се пет нови.

Во општата болница „Др. Ферид Мурад“ биле земени 138 брисеви. Информацијата за новозаразените стигна синоќа како одговор на прашање поставено до портпаролот на Владата.

Епдимеолошките портоколи се спроведени откако минатата недела една медицинска сестра и еден лекар од интерното оддление се покажаа позитивни на корона тестот. Во петокот беше потврдено дека уште една медицнска сестра од Инфективното одделение, исто така, е заразена.

Болничката управа од почеткот на состојбата воведе рестриктивни мерки за прием на пациенти и го ограничи влезот во болницата. Направена беше и реорганизација, па персоналот работеше во еднонеделни смени, за да, како што кажаа, се спречи ширење на инфекцијата помеѓу вработените и за да нема застој и затварање на оддели.

Општата болница е најголема здравствена установа во гостиварскиот регион со околу 500 вработени. За новонастаната ситуација, најверојатно ќе се дискутира на денешниот состанок на кризниот штаб.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов раст: 117 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот

Зошто кај нас процентот на здравствени работници заболени од корона вирусот е висок

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Референдумот топ тема во регионов: „Македонците гласат за промена на името„

Редакција

Пратениците во клинч околу новиот директор на ОТА и главниот државен ревизор

Редакција

Во Кривичен продолжува судењето за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски

Редакција