еМагазин
Image default
Македонија

Десет новозаразени со корона вирусот во Прилеп, тројца починати

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина маж на 66 годишна возраст, што е трет смртен случај како последица на коронавирусот во Прилеп.

Денеска се регистрирани 10 новозаразени со што вкупниот број на инфицирани лица во Прилеп е 85, информираат од прилепската локална самоуправа.

Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, а во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка.

На Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани вкупно 15 лица. Од нив, 12 се позитивни на коронавирусот, од кои две лица се со потешка клиничка слика и со кислородна поддршка.

Тројца пациенти се сомнителни на коронавирусот, земен им е брис и се чекаат резултатите. Сите тројца се со средна клиничка слика.

Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, за што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

И денеска 15-ина припадници на Армијата се распределени пред експозитурите на банките, маркетите за зачувување на редот и почитувањето на препораките за заштита од Ковид-19.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај 242 лица од заразените со коронавирусот во Македонија присутни хронична и здравствени состојби

Убава вест: 44 лица оздравени од коронавирусот во Македонија

Кај 76,4% од починатите од коронавирусот во Македонија регистрирана хронична и здравствени состојби

(ФОТО) Ова се здравствените работници од првата борбена линија со коронавирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски потврди дека МВР е влезено во три фирми, но не кажа дали се на Камчев

Редакција

Ако МАНУ не се отвори, нема друг начин освен да се формира паралелна академија, вели Мустафа

Редакција

Димовски: Владата, итно денеска, да го одбие предлогот како недостоинствен и штетен за европската перспектива на Македонија

Редакција