еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Двајца функционери во Македонија досега позитивни на коронавирусот

Пратеничката од СДСМ, Кети Смилеска од Прилеп е првата пратеничка и вториот функционер во Македонија, кој е позитивен на коронавирусот. 

Таа е хоспитализирана во прилепската болница.

Во изјава за медиумите рече дека не знае како се заразила со вирусот, а се тестирала, бидејќи имала симптоми.

Се тестирал и нејзиниот сопруг, кој е трговец, а неговите резултати се уште не се готови.

Градоначалникот на Општина Чешиново Облешево, Горанчо Крстев, е првиот функционер во земјава кој беше заразен со Ковид-19.

Открил дека е позитивен на коронавирусот, откако заедно со сопругата направил две тестирања на приватните клиники „Систина“ и „Филип Втори“ во Скопје.

Испитувањата Крстев ги направил откако кон крајот на март бил кај фризерот од Кочани, кој неодамна почина на Клиниката за инфективни болести како последица од вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како и зошто од коронавирусот почина фризерот од Кочани кој имаше 40 години

“По информациите дека фризерот е заболен, на своја иницијатива направивме две тестирања со сопругата, при што првиот тест беше негативен, а вториот позитивен.

Од 1 април сум во самоизолација, а ги известив и вработените во Општината да ја применат истата мерка„, изјави тој.

За медиумите пред извесно време рече дека се чувствува добро, но и дека има дезинформации низ Општината за кои тој реагирал и пријавил во полиција.

Крстев рече дека слушнал дезинформации дека за него се зборува дека починал и дека се уште полицијата нема превземено никакви активности против лицето, иако, како што рече, има закон за ширење на лажни информации.

Тој рече и дека пред неколку дена се тестирале и неговите деца. Тестовите биле негативни, како и на еден од вработените во Општината, а се очекуваат резултатите од останатите вработени.

Лидерите на владејачката СДСМ, Зоран Заев и опзициската ВМРО, Христијан Мицкоски, пак неодамна завршија во самоизолација, откако имаа контакт со новинар, позитивен на вирусот.

Во самоизлоација се и некои членови од двете партии, а тестовите на лидерите се негативни.

Пред извесно време и градоначалникот на Велес, Аце Коцевскисоопшти дека е во изолација, бидеќи неговата сопруга, која е лекар, прегледувала дел од заболените со коронавирусот во градов.

Резултатите на Коцевски и неговата сопруга се негативни.

“Ве известувам дека според резултатите од земените примероци за корона вирусот и јас и членовите на моето семејство се негативни“, напиша тој неодамна на неговиот Фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кај тројца од новопочинатите од коронавирусот во Македонија не била присутна хронична или здравствени состојби

Убава вест: Во Македонија излекувани 86 лица заразени со коронавирусот

Македонија влезе во фаза „многу висок ризик“: Какви се проценките за ширење на коронавирусот

На возраст од 30 до 59 години, повеќето мажи: Детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Фото: Фејсбук/Смилеска/Крстев/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасените 12 пациенти немаат повреди од пожарот, еден починат меѓу ковид-болните во Тетово

Редакција

Израелски научници ја открија „Ахиловата пета“ на ракот

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара бројот на пратеници од 120 да се намали на 90

Редакција