еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Во март приходите во Буџетот намалени за 12,38%

Во март годинава за 12,28 отсто се намалени приходите во Буџетот во споредба со истиот месец од 2019 година, а во однос на планот намалувањето е 24 проценти, при што најголем пад од 16,85 отсто има кај ДДВ, падот кај данокот на добивка е 10,78 отсто, додека најмал пад од само 1,11 отсто има кај данокот на личен доход, информира директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.

-Податоците од 1 до 14 април покажуваат пад на ДДВ од 29,19% проценти при што има зголемен поврат од 51,7 проценти. Забележан е пад на данокот од личен доход од шест проценти и има пад на добивката од 9,97 проценти или вкупно споредбено со истиот период од лани има пад на приходите од 38,15 проценти, рече Лукарвеска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Во првите 14 дена од aприл годинава е наплатен бруто приход од ДДВ од 1.476.684.745 денари, а во првите 14 дена од aприл 2019 е наплатен бруто приход од ДДВ од 2.085.338.658 денари.

Во овој период намален е ДДВ од увоз на добра за 708 милиони денари или за 35 %, но значаен е порастот на ДДВ од прометот во земјата за 80 милиони денари односно наплатен е износ од 142 милиони денари за разлика од април истиот период за 2019 година кога е наплатен износ од 61 милиони денари, велат од УЈП.

Исто така во услови на вонредна состојба УЈП врши забрзан поврат на ДДВ кон фирмите, така да во овој период е зголемен повратот на ДДВ за 412 милиони денари, односно 51% повеќе вратен поврат ДДВ во однос на лани истиот период.

За разлика од падот на приходите, посочи, има пораст кај придонесите.

-Во делот на придонесите за март 2020 година имаме пораст од 13,48 проценти во спредба со март 2019 што значи дека имаме натфрлање на планот за 0,67 проценти.

Кај придонесите за пензиско и инвалидско осигурување има пораст од 10,19 отсто, а кај придонесите за здравствено осигурување растот е од 18,82 проценти, додека кај придонесот за вработување порастот изнесува 8,13 проценти, рече Лукаревска.

Таа нагласи дека рокот за достава на ДДВ пријавите од страна на даночините обврзници е 25 април и додаде дека тој може да биде продолжен по барање на Комората на сметководители.

Нагласи дека продолжување на роковите има во сите сегменти за поднесувањето на даночни биланси и поднесувањето на ДДВ пријавите на барање на компаниите и додаде дека со воведувањето вонредна сосотјба УЈП не спроведува никакви постапки за присила наплата преку кои се овозможува повеќе приходи во Буџетот.

-За сите правни субјеки кои имаат акумулирано долгови постои опцијата за одложено плаќање на рати што се поднесува до УЈП, посочи Лукаревска.

Податоците што ги имаат за компаниите што вршат угостителска дејност и се поврзани на ГПРС системот, како што рече, покажуваат дека во март 2019 гдина нивниот промет бил 1,097 милијарди денари, а во март годинава има пад на прометот за речиси половина и се остварени 526,4 милиони денари.

Информира дека досега 27.886 работодавачи ја искористиле мерката субвенции на придонеси за повисоки плати за 157.597 вработени лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над половина од граѓаните во Македонија не можат да си дозволат годишен одмор

Редакција

Цените на поштенските и курирските услуги зголемени за 3,8%

Редакција

Ќе се намали ли цената на зелениот картон на возилата?

Редакција