еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Фото-сторија) Охрид во време на корона вирусот: Примерни редици, но и очигледна незагриженост кај дел од граѓаните

Редиците пред поштата, дел од банките, маркетите и аптеките издаваат дека и охриѓани ги чувствуваат мерките против корона вирусот.

Во некои од поголемите маркети денеска можеше да се забележат подолги редици што го наметнува заклучокот дека охриѓани веќе се подготвуваат и купуваат намирници за Велигден.

Граѓаните главно ги почитуваат препораките за дистанцирање и стојат во ред на соодветно растојание, но има и такви кои очигледно не се загрижени од појавата на корона вирусот, па знаат да застанат да си направат муабет во групи од тројца или четворица.

Дел од нив носат маски и ракавици, но има и такви кои не носат заштита.

Засега на улиците не можат да се забележат автомобили од други градови од што стравуваа градските власти, но најверојатно во четврток кога завршува работната недела може да се очекува доаѓање на „гости“ од страна, кои сепак ќе мора да останат во своите викендици и станови, бидејќи Охрид како и останатиот дел од Македонија прв пат ќе биде под неколкудневен полициски час за време на Велигден.

Иако ги нема џагорот и кафе-шемата кои се главна одлика за Охрид во пролетните месеци, неизбежна е помислата дека градот е прекрасен и кога е празен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И на министерот Николоски му нуделе поткуп, повлечени членовите од Комисијата за евалуација за пругата кон Бугарија 

Редакција

(Видео) Маскирани членови на Златна зора упадна на изложбата на македонскиот уметник Андреевски во Солун

Редакција

(ВИДЕО) Масовни синдикални протести во Грција, подршка дадоа и Ципрас и Варуфакис

Редакција