еМагазин
Image default
Македонија

Во домот за геријатрија во Ѓорче Петров хигиеничарка заразена со коронавирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска информираше дека во домот за геријатрија во Ѓорче Петров има дијагностицирано хигиеничарка со позитивен тест.

“Направена е епидемиолошка анкета во однос на контактите што ги имала со вработените. За дел од колешките и колегите е препорачана самоизолација“, рече Филипче.

Домовите за стари лица, посочи тој, се едни од местата на кои треба да се пристапи со исклучително висока доза на внимателност, зошто многу често тие лица се со хронични болести.

“Од следната недела ќе пристапиме со серолошко тестирање на сите кои се сместени во домовите за стари лица со цел да се направи подобра проценка на нивната состојба“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Бебето родено во ГАК од мајка позитивна на Ковид-19, нема коронавирус

Директорката на кумановската болница не е позитивна на коронавирусот, но е во самоизолација

Починати тројца пациенти, оздравени 18 лица од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За свечените изјави со „Република Македонија“, штипските советници од ВМРО ДПМНЕ ќе го чекаат заклучокот од инспекцискиот надзор

Редакција

Комуналните инспектори и редари ќе вршат надзор врз граѓаните за носење на заштитна опрема

Редакција

Обвинение за три лица од Куманово кои биле вооружени и подготвени за терористички напади

Редакција