За велигденските празници, во време на полициски час во Гевгелија група граѓани без заштитна опрема (маски и ракаваци) и без почитување на мерката за социјално дистанцирање играа оро.
Од настанот на социјалните мрежи се појави и видео, а МВР најави санкции за „играорците“.
Дел од медиумите пак објавија дека едно лице било приведено.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Хитови“ од најдолгиот полициски час: Оро може, шетање куче не може
(ВИДЕО) Полицајци без маски во Скопје приведоа момче оти шетало куче во полициски час
(Видео) Какви мерки, каква корона: Во Гевгелија оро за Велигден
За сега за настанот нема детали од МВР.
„Орото„ предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, а еве дел од твитовите:
Најбарани криминалци од страна на МВР моментално се:
Играорци и шетачи на кучиња.
— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) April 20, 2020
Кога на свадба сите ќе се раскокаат на брзите ора, а ти одвај го знаеш и бејзик "рамното" https://t.co/Qe8LiZUlQI
— Милкс 👑 (@pancake_mama88) April 20, 2020
Гевгелија денес 🤦♂️ pic.twitter.com/pdzBmDX4zz
— Мапко (@mapkoman) April 19, 2020
"Приведен еден од играорците во Гевгелија"
Ваљда грешел у кораци… ја друго објаснување немам🤔
— Дедa (@DedaPilos) April 20, 2020
гевгелиското бе, го знаеш, три напред, еднаш во затвор
— НиколаСтрез (@NikolaStrez) April 20, 2020