еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите го загубија првото место

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен која во февруари 2020 година, изнесувала 27.206 денари.

Податоците на ДЗС откриваат дека во Македонија има професии каде просечната плата е двојно поголема од државниот просек.

На првото место на листата професии со највисоки просечни плати за февруари, годинава се вработените во секторот „останати стручни, научни и технички дејности“ со исплатена просечна плата од 70.869 денари.

На второто место е секторот “компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности“ со просечна плата од 64.535 денари, а на третото место секторот „производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати“ со просечна плата од 46.452 денари.

Потоа следуваат секторите „финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови“ (44.922 денари) и „телекомуникации“ (41.573 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Просечната плата во февруари изнесувала 27.206 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Антонио Јолевски, новиот претседател на Советот на јавни обвинители

Редакција

Не гледам дека има некоја пречка за плаќање на рускиот гас во рубљи, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција

Од вторник врнежи, а од среда повторно намалување на температурата

Редакција