Премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил информира дека резултатот од тестот што го добил вечерва е негативен и покажува дека тој не е носител на корона вирусот.
Согласно препораките на епидемиолозите, како што напишта премиерот, и понатаму ќе остане во изолација во домашни услови.
„Се придржувам до препораките и советите на лекарите, најдисциплинирано. Во деновите на самоизолација, од дома преку дигитални алатки ги извршувам сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба.
Пикот на заразата е се уште тука, но ефектите од почитувањето на мерките се видливи за сите“, пишува Спасовски.
Тој уште една упати апел граѓаните секогаш да држат 2 метри физичка дистанца, да носат заштитни маски и да не се групираат.
„Останете дома ако не мора да излегувате. Да ги почитуваме мерките! Секој може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го донесеме животот во новата нормала. Останете внимателни. Ви благодарам за поддршката!“, пишува премиерот Спасовски на фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кумановскиот градоначалник ги оспорува првичните тестови: „Не сум заразен од корона вирусот“
Вицепремиерот Османи и министерот Адеми негативни на коронавирусот
Фото: Влада