Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на својот Фејсбук-профил објави дека резултатот од неговиот тест за Ковид-19 е негативен.
„Штотуку ме информираа дека мојот резултат на тестирањето за Ковид-19 е негативен. Иако според проценката на епидемиолозите јас не бев во ризик, сепак одлучив да останам во самоизолација“, напиша Филипче.
Негативниот резултат, како што наведува, го добил на осмиот ден од самоизолацијата во која ќе остане до истекот на инкубациониот период од 14 дена.
„Сите мои активности и управувањето со кризата со коронавирусот во земјата и во изминатата недела се одвиваат непречено. Редовно одржувам он-лајн состаноци со Комисијата за заразни болести, моите колеги, институциите, медиумите и Владата.
Така ќе биде и во наредната недела. Почитувањето на мерките до сега дава добри резултати. Ако останеме доследни на ова и се прилагодиме кон промените, многу побрзо ќе ја надминеме оваа состојба“, вели Филипче.
Тој им се заблагодари на сите граѓани на поддршката, и уште еднаш потсети дека личната одговорност е предуслов за колективното здравје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Премиерот Оливер Спасовски негативен на корона вирусот
Кумановскиот градоначалник ги оспорува првичните тестови: „Не сум заразен од корона вирусот“