еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Штип има повеќе излекувани отколку заразени со корона вирусот

Штип има повеќе излекувани отколку заразени со корона вирусот. Градоначалникот Благој Бочварски по состанокот на Општинскиот кризен штаб соопшти дека денеска и официјално се излекувани уште седумина штипјани, со што бројката на излекувани сега изнесува 19, а заразени и се уште се лекуават во домашни услови се 11 граѓани.

Оцени дека Штип е градот кој во овој момент успеал вирусот да го стави под контрола.

-Би сакал да ја информирам јавноста за една позитивна вест дека денеска во Штип нема новозаболени лица, а имаме седум излекувани, со што бројката на излекувани е 19 лица.

Дополнително сакам да се заблагодарам на Министерството за одбрана и на Генералштабот којшто ги ставија на располагање своите капацитети на општините преку Армијата. Како информација за јавноста јас како градоначалник ваквата помош би ја искористил единствено во моменти кога нашите општински сили нема да бидат доволни да се справат со одреден проблем, вели Бочварски.

Тој истакна дека овој викенд ќе започнат со нов циклус на масовно дезинфицирање на улиците и јавните површини во градот.

– Денеска 15 волонтери на Општина Штип се ставија на располагање да помогнат во ставање на ред и делење на заштитни маски за секој граѓанин кој влегува во градскиот пазар.

Општина Штип ќе ги ослободи од наплата на комунални такси и користење на јавен простор сите правни субјекти коишто се погодени од оваа криза во период на траење на вонредната состојба, рече Бочварски.

Општина Штип во наредна два месеца нема да го наплаќа и паркингот во централното градоско подрачје.

– За месеците мај и јуни граѓаните ќе бидат ослободени од плаќање на паркинг. За тоа време вработените во паркинг службата ќе бидат ангажирани на други работни позиции во ЈП „Стипион“.

Правните субјекти кои немаат остварено приход за време на вонредната состојба ќе бидат ослободени од 50% од плаќање на фирмарина за 2020 година, рече Бочварски.

Забележа дека овие мерки ќе бидат предложени до Советот на Општина Штип.

Дозволите за достава на храна и намирници на маркетите и рестораните ќе важат и за овој викенд.

– Апелирам до фирмите и граѓаните коишто имаат редовни приходи, редовно да ги плаќаат обврските кон Општината, (како на пример данокот на имот), редовно да ги плаќаат сметките за вода и смет кон ЈП „Исар“ со цел градот да не се доведе во ситуација да остане без вода за пиење.

Сите овие поволности коишто ги предлагам денеска значат намалување на општинските приходи, затоа во овој момент треба сите да бидеме солидарни и одговорни кон својата општина, за да не се доведе во прашање основното функционирање на градот, сервисирањето, реконструкциите на улици, водоводи и канализации, вели Бочварски.

МИА/Фото: Општина Штип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени 36 пациенти, двајца на болничко и 34 на домашно лекување

Почина 80-годишен пациент, вкупната бројка на починати од корона вирусот 57

Вкупно 1.326 заразени од корона вирусот: Нови 26 пациенти, најголем број во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се јави министерот Адеми: Не сум вршел притисок при изборот на проекти од Годишната програма на Министерството за култура

Редакција

Живеела сама: Убиената жена во Велгошти ја пронашле соседите со видливи траги на насилство

Редакција

Одбиена жалбата на екс-директорот на УБК, Атанасовски за притворот од 30 дена

Редакција