Во општина Прилеп денеска нема регистрирани нови случаи на лица заболени од коронавирусот, но будноста останува во здравствените институции.
На инфективното одделение во прилепската болница моментално се хоспитализирани 17 лица позитивни на коронавирусот. Тројца од нив се на кислородна поддршка, останатите се со стабилна клиничка слика.
Во одделот за изолација се наоѓаат 4 пациенти, двајца од нив се негативни на коронавирусот, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати.
Во самоизолација се наоѓаат 356 лица.
Во текот на денот градските власти на претседателите на урбаните заедници им дистрибуираа дополнителни 3.500 заштитни маски за да им се поделат на жителите. А поради зголемената фреквенција на луѓе за време на одбележувањето на празникот Голем Петок – Балаклија, пред манастирот „Св.Архангел Михаил“ и црквата „Св.Димитрија“ во населбата Варош, на граѓаните им беа поделени 1 500 заштитни маски.
МИА/Фото: Општина Прилеп
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Во Велес излекувани 5 лица, нема новозаразени со коронавирусот
Убава вест: Штип има повеќе излекувани отколку заразени со корона вирусот
Убава вест: Оздравени 36 пациенти, двајца на болничко и 34 на домашно лекување