еМагазин
Image default
Локално

Обезбедени 34.000 маски за граѓаните на Куманово, ќе се делат бесплатно

Владата обезбеди 34.000 маски за граѓаните на Куманово. Маските денеска се доставени до Општинскиот штаб за заштита и спасување на Куманово и ќе се делат бесплатно на граѓаните.

Во Службен весник вчера беше објавена уредбата за задолжително носење лична заштита, заради спречување, ширење и заштита на населението во вонредна состојба.

Уредбата определува дека граѓаните се должни да носат лична заштитна опрема на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Кумановци генерално ја почитуваат уредбата и носат маски. Во изминатиот период општинскиот кризен штаб во Куманово бараше од Владата да обезбеди одредена количина на маски кои бесплатно ќе се делат на граѓаните.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата објави тендер за интерветна набавка на маски

Каде се од утре ќе треба да носиме маски

Со маска, шал или марама во банка ќе одиме 200 дена по завршувањето на вонредната состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две жени повредени во автобус на ЈСП по нагло прикочување

Редакција

(ВО ЖИВО) На ГП „Богородица“ и „Табановце“ се чека од 10 до 30 минути

Редакција

„Руски рулет“ во сообраќајот во Драчево: Возеле пијани и без возачка дозвола

Редакција