еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Претседателот Пендаровски пакуваше храна за социјално загрозени семејства: Повик за хуманост и донации

Кризата којашто ја предизвикува вирусот #COVID19 најтешко се одразува на, и онака социјално загрозените семејства, порача на Фејсбук, претседателот Стево Пендаровски, кој вчера пакуваше храна и средства во рамки на проектот „Волонтираме за солидарно општество“.

„Пакувајќи ги првите пакети со храна и средства за хигиена во #MladiHub, го започнавме проектот „Волонтираме за солидарно општество“. Во овие тешки денови, ве повикувам да бидеме хумани и солидарни и да донираме, секој во рамки на своите можности.

Очекувам на јавниот повик да се одзват и општествено одговорни компании, граѓански организации, дипломатски претставништва во нашата земја, како и меѓународни организации и институции. Се надевам дека заеднички барем малку ќе им помогнеме на нашите сограѓани“, напиша Пендаровски.

Фото: Фејсбук/Пендаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре зголемување на температурите, од средина на неделата топлотен бран

Редакција

(Фото) Заштитната маска за една употреба не смее да се користи повеќе пати

Редакција

Д-р Олумчев: Изградивме хибриден имунитет кој есенва ќе нè штити од нови корона-соеви и од други респираторни вируси

Редакција